| четврток, 6 декември 2018 |

Хилари Клинтон во август собрала над 143 милиони долари за својата кампања

hilari klinton

­ Демократската кандидатка за американски претседател, Хилари Клинтон, во август собрала над 143 милиони долари за својата кампања, јави БТА. На финансиски план, минатиот месец за Клинтон беше најуспешен, што претставува стабилна основа за нејзината кампања се до претседателските избори во ноември.

Поранешната прва дама на САД собрала 62 милиони долари за нејзината кампања, 81 милион долари влегле во касите на Националниот комитет на Демократската партија и организациите на нејзината партија.

Пресметано е дека за нејзината кампања во август пари уплатиле 2,3 милиона луѓе. Кандидатката за Белата куќа септември го почнува со 68 милиони долари на банкарска сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top