Градоначалничката на општина Кисела Вода денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Спиро Гулапчев“. На оваа локација започна изградба на крак од атмосферска канализација кој треба да го реши проблемот со прифаќање на атмосферските води во овој дел од градот.
Во должина од околу 300 метри се поставува систем од цевки со Ф300 и Ф200, кои согласно изведените хидраулични пресметки треба да ги задоволат потребите за одвод на дождовна вода.
Градежните работи треба да завршат до крајот на септември.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани што живеат на оваа улица или во близина, за трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи реализацијата на овој крупен проект ќе значи решение на проблемот со атмосферските води, а со тоа и создавање подобри и поквалитетни услови за живеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.