| четврток, 6 декември 2018 |

Британија бара уникатен договор со ЕУ по Брегзит

Британската влада ќе се ориентира кон склучување на уникатен договор со ЕУ, наместо да ги копира договорите за поврзување со земји како Норвешка со блокот, соопштија министри, цитирани од Франс прес.

Моделот, чии контури уште не се одредени, задолжително треба да вклучува контрола на бројот на граѓаните од ЕУ, на кои ќе им се дозволи да влезат во Велика Британија, истакна портпаролот на британскиот премиер Тереза Меј.

Таа се состана со клучни министри, за прв пат по летниот политички одмор и во момент кога во конзервативната влада има несогласувања по прашањето како треба да се изврши Брегзит.

Министерот за финансии Филип Хамонд, кој агитираше против напуштањето на ЕУ пред референдумот, сака Британија да остане дел од заедничкиот пазар на ЕУ. Други работи сепак се спротивставуваат. За да имаат пристап до заедничкиот пазар, земјите надвор од ЕУ како Норвешка и Швајцарија треба да го прифатат принципот на слободно движење на луѓе – една од главните теми во референдумот за Брегзит. Поддржувачите на излезот од ЕУ како министерот за надворешни работи, Борис Џонсон сметаат дека ограничувањето на имиграцијата од ЕУ е потребна за да биде почитувана волјата на британскиот народ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top