| четврток, 6 декември 2018 |

Kим Кардашијан ги покажа нозете без шминка и проговори за болеста која со години ја криеше

kk

Ким Кардашијан пред шест години дознала дека има псоријаза, а оттогаш таа ја криела на сите можни начини. Сега конечно проговорила за својот проблем.

– Некогаш на псоријазага гледав како на некоја своја мана се трудев да ја скријам од сите. Врз раните нанесував многу пудра и коректор, за луѓето да не ги забележат моите красти, изјавила Ким.

Кожната болест ја наследила од својата мајка Крис, која исто како и Ким, своите први симптоми ги забележала во своите рани триесети. Псоријазата е специфична болест која предизвикува рани од разни типови.

rana

Лек за оваа болест не постои, а најчесто се третира со специјални креми, како и со подигнување на имунитетот.

– Се надевам дека ќе пронајдат лек, но во меѓувреме научив да се прифатам себеси со тој проблем. Многу внимавам што јадам и се мачкам со препишаните креми, рекла таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top