| четврток, 6 декември 2018 |

Лажна тревога на аеродромот во Франкфурт

На аеродромот во Франкфурт, што денеска беше делумно евакуиран заради опасност еден од патниците да има експлозив, не е пронајден никаков сомнителен предмет, а полицијата во моментов го испитува патникот, изјави портпаролот на франкфуртската полиција.

Аеродромот сега повтроно нормално функционира, соопшти неговиот оператор, компанијата „Фрапорт“, пренесоа британските медиуми.

Дел од терминалот на овој четврт по големина аеродром во Европа утринава беше евакуиран откако едно лице ја заобиколило безбедносната контрола и влегло во зоната за полетување.

Полицијата соопшти дека потребата за евакуација престанала и дека нема опасност.

Агенцијата за контрола на авиосообраќајот „Еуроконтрол“, меѓутоа, предупреди дека до 14 часот ниту еден авион нема да слета на франкфуртскиот аеродром и дека „ќе дојде до значително доцнења“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top