| четврток, 6 декември 2018 |

Шеснаесет луѓе повредени при принудно слетување во Ирска

avion

­ Шеснаесет лица се повредени кога авион на прекуокеански лет, поради ненадејни турбуленции, принудно слета на аеродромот Шанон во Ирска. Авионот на американската компанија Јунајтид ерлајнс леташе од Хјустон во Тексас до лондонски Хитроу, јави Би­Би­Си.

Четиринаесет патници и двајца членови на екипажот се пренесени во болница од аеродромот. До принудно слетување дојде заради „неочекуваните турбуленции“, соопштија од авиокомпанијата.

Авионот бил пренасочен кон аеродромот Шанон во Ирска каде патниците ги пречека лекарска екипа, се наведува во соопштението. Повредените патници и екипажот се пренесени во болницата во Лимерик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top