Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлоски денес го предаде во употреба дванаесет-километарскиот патен правец од Ново Село до Маврови Анови.
Инвестицијата е вредна 2,5 милиони евра, а следниот месец ќе се започне со тендерска документација за реконструкција на 30 километри од патот Гостивар –Кичево.
Покрај овие патни правци, паралелно се инвестира и во останатите села во општината Маврово Ростуше, а новите асфалтни патишта ќе допринесат за нивно подобро одржување и чистење во зимскиот период.
Инаку Маврово годинава ја бележи најдобрата туристичка сезона.
Во изминативе деведесетина денови, го посетиле околу 35 илјади туристи. Секако новата патна инфраструктура е еден од значајните фактори за развој на туризмот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.