| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел: Предолго замижувавме пред бегалската криза

Германија и другите членки на ЕУ предолго замижуваа пред бегалската криза на своите надворешни граници , изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Една година по познатата реченица „Ние тоа го можеме“ која го одбележа нејзиниот приод кон кризата, Меркел признава дека во решавање на тоа прашање имало пропусти и во Германија.

И ние Германците проблемот предолго го игнориравме проблемот, посочува Меркел во интервју за „Зидојче цајтунг“.
– Уште во 2004 и 2005 година доаѓаа многу бегалци и ние ги оставивме на Шпанија и на другите надворешни граници да се занимаваат со нив- објаснува Меркел.

Исто така таа признава дека Берлин долго време бил против неопходните реформи во ЕУ, одбиваше пропорционална распределба на бегалците и за заштита на надворешните граници.
-Германија по бегалци примени по толку војни во Југославија, се радуваше дека првенствено другите се занимаваат со таа тема. Но не може тоа така- нагласува канцеларката.

Канцеларката ги убедува Германците дека земјата нема многу да се измени по интеграцијата на стотици илјади бегалци.
-Германија ќе остане Германија, со се она што го сакаме и цениме- заклучува Меркел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top