Стресот кој го носи секојдневница на модерното време е пресметан дека мозокот во еден ден процесира 40 до 60 илјади мисли. Дел од нив се однесуваат на работи кои се случиле, на оние кои следат, но најмноги се оние коои се негативни. Тие и се повторуваат, окупираат и уморуваат.
Докторите кои се занимаваат со стресот препорачуваат куса техника за ослободување од овој извор на многу болести.
1. Затворете ги очите и фокусирајте се на звуците околу вас. бебе кое плаче, колеги кои пишуваат на тастатура, автомобили во сообраќај.
2. Длабоко вдишете и издишете се , како кога сакате да се концентрирате.
3. Повторете го вдишувањето и издишувањето пет пати по ред и максимално фокусирајте се на тоа.
4. При дишењето слушајте го воздухот од самиот влез во телото низ носот, додека се полни вашето тело до излегувањето на воздухот при издишувањето. Обидете се да почуствувате дали воздухот кој го издишувате е топол или студен.
5. Со помош на слухот, вашиот мозок за момент ќе ги соптре повторувањата на негативните мисли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.