| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќеска загина 22-годишно момче на Средно Водно

motor nesreka

Во текот на вчерашниот ден извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди, во кои едно лице го загубило животот, а пет други се повредени.

Сообраќајката во која едно лице го загуби животот, соопшти СВР-Скопје, се случила во 23.15 минути на локалниот пат Скопје-Средно Водно, во која учествувал мотоцикл марка „сузуки 750“ со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје, роден 1994 година, истиот со мотоциклот удрил во метални еластични браници.

По незгодата, мотоциклистот бил пренесен во Ургентниот центар, но и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на тешките повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top