Додека сликата за квалитетот и непристрастноста за работењето на СЈО од ден за ден се влошува во очите на јавноста, членовите на СЈО дебело наплатуваат.
Од 118 па се до 130.000 денари ги чини секој од обвинителите во СЈО граѓаните на Република Македонија. Најголема плата очекувано зема Катица Јанева која во бруто износ надминува 130.000 денари. Најслабо платени се Ленче Ристовска и Ајро Артан кои земаат по нешто над 118.000 денари.
Покрај ова, 4 обвинители добиваат и месечен надоместок за користење на стан.
Покрај овие пари, обвинителите добиваат и месечни бонуси, но колкав е нивниот износ во СЈО велат дека е доверлива информација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.