| четврток, 6 декември 2018 |

Опседната со црна магија: Наташа ја искасапила тетка си и заминала во кафеана

natasa-nikolcevic-1472429124-979935

Наташа Николчевиќ (28) од Белград е уапсена во саботата по монстуозното убиство на својата тетка Драгиња Николчевиќ (80), на која со нож ѝ ги ископала очите и ѝги отсекла ушите. Обдукцијата покажала дека несреќната старица имала над 40 убоди од нож.

Познаници на семејството Николчевиќ велат дека Наташа подолго време ја тероризирала својата тетка и со постојани уцени и вршела притисок да ѝ ја препиште куќата, а мештаните велат дека била опседната и со црна магија. Мртата баба ја нашла Драгица Николчевиќ, која живее во близина на несреќната старица во Штрпце и која редовно ја посетувала и ѝ помагала околу домашните работи.

Злобна внука

-Беше ужасно, влегов во куќата, зашто секој ден ја посетував  Драгиња и затекнав ужасна глетка. Телото беше искасапено, а крв имаше насекаде, раскажува потресената Драгица.

-Видов стап покрај нејзиното тело, па претпоставувам дека со него ја бркала и ја тепала. Телото беше речиси целото избодено, не знам ни сама колку убоди имаше. Веднаш отидов до соседот и повикавме полиција. Во какви маки умре кутрата моја Драга, раскажува расплаканта роднина.

Извор на српски Курир близок до истрагата вели дека Драгиња е избодена со 40 убоди и дека телото и било помодрено од удари со стап.

-Телото на старица беше посинето, веројатно од удари со стап. Крв имаше насекаде и по ѕидовите и по тепихот. На сето зло тоа не му беше крај зошто покрај толку убоди со нож, внуката на Драгиња и ги ископала очите и отсекла ушите.

Ритуали на гробишта

Мештаните тврдат дека Николчевиќ често ја малтретирала бабата и ѝ барала пари, а велат и дека се дрогирала. Според други, Наташа била опседната со црна магија. Велат дека неколку пати ја виделе како ноќе оди на гробишта и дека многу чудно се однесува.

-Покрај тоа што чудно се облекува и шминка, има и некој убиствен поглед. Буквално да ви минат морници додека ја гледате. Мојот маж, кој работи ноќе, ми рече дека неколку пати ја видел како оди на гробишта навечер. Претпоставувам дека има некои ритуали таму, а јас неколку пати низ прозорец видов како доцна по полноќ излегува пред куќа и кружи околу неа и си зборува нешто тивко, раскажува сосетката која живее блиску до покојната Драгиња.

Заминала во кафеана по убиството

Сведок изјави дека по убиството бил во кафеана во Брезовица и разговарал со Наташа без да зне што направила претходно.

-Седев со друштво во кафеана, а таа беше на масата покрај нас. Почнавме да разговараме, но забележав дека многу чудно се однесува. Ме праша дали постои некое сместување во близина, а јас ѝ понудив да и обезбедам сместување во Штрпце, а таа одби. Моите пријатели и јас ѝ понудивме превоз до Штрпце, а таа исплашено одби. Утрото ме пречека таа вест. Страшно, можев да поминам како нејзината тетка, вели сведокот.

Телото на покојната баба е пронајдено во саботата наутро, а Николчевиќ е уапсена во приватен хотел во Брезовица кај Штрпце, каде што избегала по монструозниот чин, и сега е во притвор.

Инаку, Наташа е родена во Штрпце, а нејзиниот татко Душан, кој починал пред неколку години, ѝ е брат на убиената старица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top