| четврток, 6 декември 2018 |

Молња одеднаш убила над 300 ирваси (фото)

Повеќе од 300 диви ирваси се пронајдени мртви откако гром погоди висорамнина на југот од Норвешка. Невреме го погоди овој регион во петокот, а норвешкиот инспекторат за природа извести дека на висорамнината Хардангервид се пронајдени 322 тела на ирваси.

Сепак, од таму нагласуваат дека тоа е невообичаена висока бројка на настрадани животни, како и фактот дека ирвасите биле толку блиску збиени,

Поголем дел од висорамнината е во границите на национален парк, кој што е популарна локација за рекреација и дом за околу 10.000 диви ирваси.

Удар од гром и до сега бил кобен за групи животни, но ова е најголем број на животни загинати од една молња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top