| четврток, 6 декември 2018 |

Порака до сите учесници во сообраќајот од јубилејниот мото-фестивал (фото)

Мото клубот Ноќни Волци викендов го организираше јубилејниот 10-ти мото фестивал. Во рамките на мото собирот беше организирано протесно возење низ улиците на Скопје со цел да се подигне свеста за мотоциклистите кај останатите учесници во сообраќајот.

Nokni-Volci-2016-243 Пред да биде прочитана пораката од претседателот на мото клубот Ноќни Волци – Ленин Јовановски, на загинатите мотоциклисти им беше оддадена почит со едно минутно молчење.

14115032_10154353708770330_6151032822340610624_oОд ова место преку ова дефиле, сите ние тука присутни, испраќаме порака до сите учесници во сообраќајот, до сите институции и организации кои со своето делување на било кој начин се во сообраќајната проблематика да обрнат многу поголемо внимание на нашето присутво на сообраќајниците како моторџии.

14195325_10154353700135330_1218274472531062656_oЗастрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани моторџии во сообраќајните незгоди, со што за жал моторџиите веќе се сврстуваат во едни од најранливите категории на учесници во сообраќајот, посочија во пораката од овој собир.

Nokni-Volci-2016-133-Од тука порачуваме до сите оние на кои јавно им признаваме дека со своите возила се посилни од нас:
– Почитувајте ги нашите права на предност во сообраќајот.
– Не ги кршете сообраќајните правила за да бидете наши потенцијални убијци.
– Не гледајте во смартфоните додека возите, гледајте во нас.
– Не возете и во алкохолизирана состојба, сообраќајот не подразбира храброст туку умеење и почитување.
– Гледајте концентрирано и барем по два пати во своите ретровизори, ние сме габаритно помали но сепак постоиме.
– Нашите мотори не сопираат ниту се заштитени како вашите возила.
– Секој судир со вас за нас е секогаш со далеку поголеми последици од вашите.
– Потрудете се да бидете повнимателни од порано.
– Почитувајте и направете било што во интерес на поголема безбедноста во сообраќајот.

14188125_10154353700970330_7788890021296020760_oНие сме денес тука со оваа јавна порака подрржани од сите тука присутни и неприсутни моторџии. Сакаме да изразиме и јавна благодарност до сите вас тука присутни, до МВР и Град Скопје, како и јавна благодарност за поддршката од нашиот партнер во оваа наша активност скопска пивара со која и сега и во иднина имаме намера да покренеме позитивни промени во сообраќајната култура, но и да ја подигнеме свеста за одговорното конзумирање на алкохолот за што поголема безбедност во сообраќајот.

14138238_10154353717475330_2264647340924148325_oВозете безбедно,почитувајте ги правилата и она што е особено важно за моторџиите-
внимавајте на туѓите грешки, стои на крајот од годинешната порака од јубилејниот собир на Мото клубот Ноќни Волци.14066246_10154353701170330_5032943146464014618_o

(ФОТО: motori.com.mk)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top