| четврток, 6 декември 2018 |

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ нема да води во новата сезона

kuzet

Саша Поповиќ има нова задача за следната сезона од „Ѕвездите на Гранд“, а тоа е да најде нова водителка за местото на Сања Кужет.

Се шпекулира дека за местото на водителката засега се води тивка војна, додека Сања ужива во блажената состојба чекајќи го своето второ дете.

– Засега е направен разговор со десетина кандидатки, но се уште не се знае која ќе биде замената. Многу водителки сами се нудат, но Саша не носи така брзо одлуки, вели извор од Гранд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top