| четврток, 6 декември 2018 |

За добар сон: Зошто е важно да спиете на вашата лева страна

spavanje-na-boku-infomaks

Не секој знае дека позата што ја практикуваме додека спиеме е од суштинско значење за нашиот организам, а најмногу влијае врз варењето. Добро е познато дека во античките времиња, монасите практикувале да легнат по секој оброк, што им го правело варењето полесно.

Ова го потврдува и ајурведската медицина, најстарата ориентална медицина, која советува да се спие на страна, поточно на левата страна.

Еве и неколку причини поради кои, според ајурведа, треба да спиете на левата страна на телото.

Спиењето на левата страна на телото:

– ја олеснува лимфната дренажа;
– му олеснува на срцето да ја праќа крвта надолу;
– подобро ги отстранува штетните материи;
– придонесува за здраво функционирање на слезината;
– поттикнува добро варење;
– потпомага на дотекот на крвта во срцето;
– придонесува за послободен протек на жолчката

Кога спиеме на левата страна нашиот лимфен систем, желудникот и црниот дроб, но исто така и мочниот меур и панкреасот, се во состојба да ги ослободуваат отпадните производи и да истекуваат полесно кон уринарниот систем и полесно да ги произведуваат ензимите, кои на телото му се потребни за неутрализирање на масните киселини. Со помош само на спиењето вие ќе го промените функционирањето на целиот ваш организам и ќе си го подобрите здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top