Марџори Хемерд има 106 години, а нејзиното момче Гавин Крафорд има 73. Љубовта не познава граници и не познава разлики во годините. Но Марџори и Гавин се вистински доказ дека за вистинската љубов вреди да се чека.

Тие се запознале во старачкиот дом во австралискиот град Кив и оттогаш се неразвојни.
– Љубовта едноставно се случи. Ние сме како долгогодишни добри пријатели и разликата во годините воопшто не ни пречи – изјави вљубениот пар.
Ни Марџори, ни Гевин никогаш не биле во брак. Затоа и истакнуваат дека за вистинската љубов вреди да се чека.
– Марџори е многу весела личност. Постојано се смееме. И двајцата знаеме дека животот е премногу краток и треба да уживаме во секој момент – изјави Гавин.
Иако се многу вљубени, немаат намера да се венчаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


