| четврток, 6 декември 2018 |

Внимателно возење со прилагодена брзина, важна информација од АМСМ

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони.

Внимателно треба да се вози и на делот од патот кај село Близанско, 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри.

АМСМ потсетува дека обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правца, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за автомобили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top