Во средата централна Италија ја погоди разорен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени, на околу 100-тина километри од италијанската престолнина Рим.
Најмалку 247 лица го загубија животот откако земјотресот буквално ги срамни со земја неколку помали градови и села, од кои најпогодени беа Аматриле, Акумоли и Пескара Дел Тронто.
-Мојот град го нема повеќе, изјавил градоначалникот на Акумоли, Стефано Петручи после земјотресот кој уништил голем дел од градот. За тоа колку разорен бил земјотресот кој ги срушил речиси сите историски центри во градовите на 100-тина километри од италијанската престолнина, најдобро сведочат фотографиите подолу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.