Во верижен судар кој се случи во близина на Земјоделската школа на магистралниот пат Валајево Белград, повредени се четири лица. Во сударот учествуваа дури осум возила.
Во оваа сообраќајка едно лице е потешко повредени, додека три се здобиле со полесни повреди. До верижниот судар дошло на „двојните ленти“, а според очевидците, до истата, најверојатно дошло кога едно од возилата изгаснало неколку метри по семафорот.
Потоа останатите возачи на своите возила, налетале еден на друг, затоа што не држеле прописно растојание, изјави еден од очевидците.
На осум возила кој учествуваа во верижниот судар, напревена е материјална штета. Увидот го извршиле припадници на сообраќајната полиција, а сообраќајот на магистралниот пат во Ваљево некое време беше во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


