| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен шеф на Пентагон тврди: Светот никогаш не бил толку блиску до нуклеарна војна!

Светот никогаш не бил така блиску до почеток на нуклеарна војна, па дури и во времето на Студената војна кога имаше најголем конфликт помеѓу САД и Советскиот Сојуз, смета поранешниот министер за одбрана на САД, Вилијам Пери.

Пери кој бил на чело на Пентагон од 1994-та до 2007-ма година, последниве 25 години ги посветил на проучување на проблемите од намалувањето на ризикот од нуклеарна катастрофа. Тој мета дека стариот модел на конфликтот помеѓу Русија и Америка воопшто не исчезнал.

Како уште една причина за загриженост, Пери го наведе тоа што САД и најголемите конкуренти на Американците, Русија, Кина, Индија и другите земји се во необична трка на вооружување при што создаваат се подеструктивно оружје, односно многу често на тоа поле се појауваат новини.

Поранешнио министер потсети дека Пентагон веќе го предупреди Конгресот на САД дека на Министерството за одбрана на САД во следните 20 години ќе му бидат потребни големи количини на пари – околу 450 милијарди долари. Со тие пари, покрај другото, се планира да се направат најнови бомбардери, подморници и ракети.

Пери со иронија нагласува дека сето тоа се случува на крајот од мандатот на претседателот на САД, Барак Обама кој во април во 2009-та година во својот говор во Прага вети дека напорно ќе работи на тоа да живееме во свет без нуклеарно оружје.

„Ние често размислуваме за опасностите од нуклеарните катастрофи кои што се закануваа за време на Студената војна, но таа опасност сега се враќа. Тоа се случува поради константните влошувања на односите со Русија. Сега работите, секако, не се толку лоши како за време на Студената војна, но опасноста е иста“, изјави Пери.

Поранешниот шеф на Пентагон исто така истакна дека е зголемен бројот на заканите во споредба на оние од времето на Студената војна.

„Соочени сме со два нови вида на опасности кои што не постоеја во времето на Студената војна. Една од нив е ризикот од нуклеарен тероризам, а другата е ризик од регионална нуклеарна војна, на пример помеѓу Индија и Пакистан. Тоа значи дека ризикот од нуклеарна катастрофа денес станува се поголем“, заклучи поранешниот шеф на Пентагон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top