| четврток, 6 декември 2018 |

Орбан и Соботка повикаа на создавање заедничка европска армија

Budoucí premiér Bohuslav Sobotka poskytl 14. ledna v Praze rozhovor ČTK.

­ Европската Унија треба да го разгледа прашањето за создавање заедничка европска армија, повикаа денеска премиерите на Унгарија и Чешка, Виктор Орбан и Бохуслав Соботка, пред почетокот на средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и првите луѓе на владите на земјите од Вишеградската четворка (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), во варшава, пренесе ТАСС. ­

– На прво место треба да ги ставиме прашањата за безбедноста и да почнеме со создавање на заедничката европска армија, изјави Орбан.

– Неопходно е да го разгледаме прашањето за создавање заедничка европска армија. Европа има потреба од подобра соработка и од зацврстување на политиката во областа на одбраната и безбедноста, рече Соботка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top