| четврток, 6 декември 2018 |

Aкција: Спречен шверц на цигари за Македонија вредни близу 5 милиони евра

Грчки цариници заплениле контејнери во пристаништата во Пиреја и во Солун со шверцувани цигари чија крајна дестинација требало да биде Македонија, објави Катимерини.

Пратката во Солун била во два контејнера, декларирани како шишиња со вино, кои содржеле 23,4 милиони цигари чија вредност е 4,16 милиони евра. Во Пиреја е запленет контејнер деклариран со мебел, а во кој имало 10,85 милиони цигари во вредност од околу два милиона евра. Според соопштение на царината, крајна дестинација на двете пратки требало да биде Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top