Полицијата во Осиечко-барањската жупанија во Хрватска соопштила дека минатата година примила вкупно 40 000 повици од граѓаните и дека постапила дури 21 778 пати. Дојавите биле различни, од нарушување на јавниот ред и мир, разни облици на криминал, пожари, повреди на работно место…
Меѓутоа има и такви кои потекнуваат од нарушени сосетски односи, кои всушност на полицајсите само им одземаат од драгоценото време.
– Најчесто се однесуваат на нарушување на јавниот ред и мир, галама, гласна музика и сл. Во секоја поголема зграда најчсто има по некој “проблематичен” кој знае да се развесели во доцните часови, изјавила Весна Жиндариќ од полициската управа во осиечко-барањската жупанија.
– Следниот ден, истиот сосед кој ноќта бил пријавен дека прави галама, се јавил да пријави дека неговата сосетка намерно ја загорела запршката, за да му наштети затоа што знае дека тој има астма, додала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре