| четврток, 6 декември 2018 |

Земји на кои им се закануваат катастрофи

Во извештајот се опфатени ризици од земјотреси, поплави, ветрови, невреме и покачување на нивото на морето.

Според светскиот извештај за проценка на ризик, кој секоја година го објавува италијанскиот универзитет за околина и безбедност, Италија е меѓу загрозените европски земји.

Позагрозени од Италија се Холандија, Грција, Турција и Албанија која е убедливо најзагрозена на континентот.

Најбезбедна земја на листата е Катар, а потоа се Малта и Барбадос.

На листата на најзагрозени има 20 земји, меѓу кои се и Филипини, Костарика, Камбоџа, Јапонија, Чиле.

На листата најбезбедни има исто 20 држави и тука спаѓаат Саудиска Арабија, Исланд, Шведска, Финска, Египет, Норвешка, Израел, Сејшели, Естонија и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top