Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа гордо се пофали со фотографија од трибините на арената Фили Втори, дека „навива за Шкендија за нов успех на Македонија“ лавина коментари од незадоволни граѓани го преплавија неговиот фејсбук профил со критики и разочарување од неговиот провиден потег за евтин политичи маркетинг при што му поставија еден куп прашања на кои не добија одговор.
Граѓаните разочарани од неговата постапка го прашуваа зошто до сега не се појавил на натпревари на Вардар и Работнички, и дали на трибините пеел заедно со „Балистите“ кои скандираа „Голема Албанија“ и виореа симболи на УЧК со албански знамиња, а во исто време навивачите на Шкендија му честитаа за неговото присуство на трибините и продолжуваа со провокациите нарекувајќи го стадионот Адем Јашари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.