| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на 106 години од раѓањето на Мајка Тереза

majka tereza

­ Во Македонија денеска се одбележува 106 ­годишнината од раѓањето на Мајка Тереза која на 4 септември во Ватикан од страна на папата Франциск ќе биде прогласена за светица. Во Собранието на Република Македонија попладне ќе биде врачена државната награда „Мајка Тереза“ која се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Наградата годинава ќе му биде врачена на примирус д­р. Димитар Котевски. По повод роденденот на Мајка Тереза ќе биде положено цвеќе од страна на Граѓанската организација „Скопјанката Мајка Тереза“ на спомен плочата на местото на нејзиното раѓање на плоштадот Македонија, на споменикот на Мајка Тереза и во Спомен собата со светилиштето во Феудалната кула.

Познатиот хуманист и сликар Живко Поповски Цветин ќе наслика и подари на наши сограѓани 106 цртежи со цвеќе на мирот и љубовта како симбол на вечност и свет незаборав, а поетско читање и рецитали ќе изведе Сава Таковска. Роденденот на Мајка Тереза ќе го одбележи и Здружението на историчари Албанци кои организираат изложба на тема „Светицата од Скопје ­ коресподенции“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top