Гасоводот „Северен тек 2“ е „лоша зделка“ за Европа, изјави денеска за време на посетата на Шведска потпретседателот на САД Џо Бајден.
-Ниту една земја не треба да ја користи енергијата како оружје- рече тој на прес-конференција во Стокхолм.
Тој додаде дека „Европа мора да го прошири својот енергетски пазар“и ги повика Европејците „да го истражуваат ова прашање“, бидејќи „проектот Северен тек 2 може да ја дестабилизира Украина“.
Гасоводот беше договорен минатата година меѓу „Газпром“ и неговите европски партнери и ќе преминува преку Балтичкото Море од Русија до Германија.
Голем број земји од Источна Европа, сепак, како и САД, велат дека гасоводот ќе ги ограничи рутите за снабдување, а со тоа и енергетската безбедност на ЕУ, која добива една третина од гасот од Русија, забележуваат агенциите.
На прес-конференцијата денес Бајден потсети исто така, дека Европејците сега имаат можност да купуваат и течен природен гас од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.