Во периодот јануари-јуни годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.583.557.000 денари, што е за 21,7 проценти помалку во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во првите пет месеци од годинава македонската градежна оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 961. 396.000 денари што е за 11 проценти помалку во однос на истиот период од претходната година.
Според ДЗС, од јануари до јуни годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија додека на другите пазари е регистриран намален обем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.