Според сајтот Ти-ем-зи, починатиот пејач е постхумно обвинет дека го малтретирал Вејд Робсон, 30-годишен кореограф кој работи со ѕвезди како што се Бритни Спирс, Енсинк, Ашер и Пинк.
Според судските документи до кои дошол сајтот, Робсон бара парична отштета од наследниците на Џексон поради „сексуално малтретирање во детството“. Откако го запознал Џексон кога имал пет години, танчар неколку пати преспивал на ранчот на поп-иконата, Неверленд. Тоа траело се додека не наполнил 14 години.
Робсон и претходно сведочел на судењето на Џексон околу обвиненијата за малтретирања, но тој тогаш негирал дека пејачот го малтретирал. Зошто сега се раши на ваков чекор не познато особено поради фактот што тој во неколку наврати му ја изразувал својата почит на Џексон и го сметал за заслужен за развојот на совјата кариера.
– Мајкл Џексон го смени светот, а и мојот живот, засекогаш. Тој е причината зошто танцувам, зошто создавам музика, и една од главните причини зошто верувам во добрината на човештвото – изјавил, меѓу другото, Робсон по смртта на Џексон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.