Најавена е вонредна конференција за новинари на која би се објавило новото откритие. Европската јужна опсерваторија (ESO) би требало да објави откривање на планета налик на Земјата и тоа во соседството!
Веќе подолго време се нагаѓа дека системот на телескопот открил нова егзопланета и тоа во нашето најблиско сосетство-околу Proxime Centauri, најблиската ѕвезда до нас, пренесува „Дејли мејл“(Daily Mail).
Иако ESO не најави за што ќе станува збор на конференцијата за печат, се претпоставува дека токму ова ќе биде соопштено-откритието на таа засега неименувана планета.
Досега се знае дека оваа планета кружи околу ѕвездите на оддалеченост која е поволна за живот, а можно е да има и вода Научниците особено се воодушевени бидејќи планетата е оддалечена „само“4,2 светлосни години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.