Дамир Золота од Сараево со помош на својот вроден талент за „читање“ на луѓе и дипломата по психологија од Американскиот колеџ во Виена успеа да се најде во тимот на познатиот Пол Екман, светски признат стручњак за проучување на човечките чувства…
Золота спаѓа во 0,001 посто од луѓето на земјата кои имаат вроден талент за „читање“ на другите луѓе. Тој работи за Екман како психолошки профилер, стручњак за микроекспресии на лицето и говор на телото. Во состојба е за три секунди да „прочита“ било кого, па честопати го нарекуваат и човечки детектор за лаги.
– Лицето се прилагодува на нашите особини, на нашиот карактер и темперамент. Кога одредена личност ќе доживее некој емоција таа ја чувствува трајно до крајот на животот, а на лицето останува слика. Низ 3 до 5 секунди ние го скенираме животот дали има вишок или недостаток на емоции. За да се открие лагата ни треба повеќе време бидејќи кај секоја личност мора да утврдиме почетна вредност а потоа да ги следиме реакциите кои отстапуваат од таа почетна вредност, вели Золота.
– Психопатите и терористите имаат единствено лице. Секој психопат носи агонија во себе проследена со една поткрената веѓа и едно подзатворено око. Ако е присутна една од овие две работи, таа личност има психопатски особини, но не значи дека задолжително е психопат. Тоа може да биде и изразена склоност кон контрола, доминација, да е загорзена личност која не сака друштво. Тој ја има таа агонија во себе која се развива кон омраза, агресивност или дури суицидност.
Од друга страна, терористот не ги искажува емоциите, тие се без емоции, веруваат дека тоа што го прават е исправно. Имаат изразена општествена изолираност, едноставно не им одговараат други лица, насочени се само кон себе, додава малдиот сараевчанец.
Профилирањето на некоја личност тој и неговите колеги го прават преку фотографии, приказни или некои поранешни реакции на таа личност. Во време кога светот е соочен со опасноста од тероризам, за помош ги вика полицијата, безбедносните служби, аеродромите и бројни други клиенти од Европа и пошироко.
– Иако по правило јас и моите колеги не ги знаеме клиентите, најмногу работиме за Виеан и тоа со аеродромите за да пронајдеме осомничени за тероризам. Добиваме скениран пасош и врз основа на фотографијата препорачуваме или не дали да има понатамошна безбедносна проверка на тоа лице.
Сите терористи имаат т.н. „tabula rasa“ лице. Фотографиите на лажните терористи кои ни ги пласираат се лица во страв, додека вистинскиот терорист не може да се плаши бидејќи длабоко во себе верува во тоа што го прави. До сега во тој дел не сме погрешиле бидејќи ги гледаме потсвесните нешта кај луѓето, за кои дури ни самите не се свесни, наведува Золота.
– Се разбира и нам ни се случува да погрешиме. И ние сме само луѓе, особено во делот кога читаме микроекспресија, бидејќи луѓето знаат и да се прикријат. Луѓето кои се патолошки лажговци за се што ќе кажат веруваат дека е вистина, а на нас е да го препознаеме тоа, да ги откриеме причините и да ја исправиме грешката. Можност за измама постои и кај испрашувањето, директниот разговор. Немало досега кардинални грешки, само една и тоа кај личност која беше под дејство на таблети и воопшто не можеше да покаже реакција. Буквално беа блокирани сите мускули на неговото ице, а ги има 43 и задолжени се за повеќе од 10.000 реакции, а благодарение на лексилиумот, таблетите за смирување предизвикаа недостаток на реакција. Но, тој недостаток на рекација нам ни говори за недостаток на искреност, Секоја изгговорена вистина носи одредена реакција, а ако таа недостига алармот ни вели дека тука нешто не е во ред., вели Дамир.
Но Дамир своите блиски не ги „чита“. Признава дека пријателите многу ретко му се обраќаат со молба да изработи за нив психопрофил.
-Тоа е генерален проблем на луѓето од Балканот, но и во цела Европа. Тие живеат во процепот на сликата која ја имаат за себе и реалноста. Всушност повеќе тежнеат кон таа илузија за самиот себе. Кога профилирам некоја личност ја соочувам најреално со неа самата, со сите нејзини карактеристики, а тоа им паѓа многу тешко. Доаѓа и до конфликти и бурни реакции. Затоа се воздржувам од профилирање на блиски луѓе, вели Золота.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре