Најмалку 63 лица загинаа меѓу кои две бебиња, а 150 се исчезнати во катастрофалсниот земјотрес со интензитет од 6,2 степени кој утринава ја погоди централна Италија.
Официјални лица од спасувачките екипи изјавиле дека под урнатините слушале детски плач и повици за помош. Голем дел од местата погодени од земјотресот се отсечени.
Земјотресот предизивикал огромни материјални штети, а најпогодени се селата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто. По првиот земјотрес, италијанскиот институт за земјотреси регистрирал 60 последователни потреси во текот на четири часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.