| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Нема повредени или загинати македонски државјани во земјотресот во Италија

mnr

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство до семејствата на сите загинати и повредени во силниот земјотерсот кој го зафати централниот дел на Италија, а воедно, МНР известува дека македонската амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции во Италија и до овој момент, нема информации за повредени и/или загинати македонски државјани.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, молиме да се обратите на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, порачуваат од министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top