Македонската кошаркарска репрезентација синоќа во Марибор во натпревар затворен за јавноста, загуби од домаќинот Словенија со 84:68, во првата од двете планирани пријателски средби.
„Црвено-жолтите“ вечер на истото место ќе одиграат уште еден натпревар против домашната репрезентација во рамките на подготовките за учество во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година.
Овој дуел меѓу репрезентациите на Словенија и Македонија ќе биде пренесуван директно на националната телевизија на Словенија.
Дуелите против Словенија се последните контролни средби за избраниците на селекторот Драган Раца пред првиот квалификациски натпревар на 31 август со Луксембург во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.