Малиа Обама,ќерката на американскиот претседател Барак Обама, пред да се запише на Харвард одлучила да паузира една година и да ужива во младешкиот живот.
Само неколку дена откако беше објавено видеото во кое постарата ќерка на Обама пуши сомнително завиткана цигара, а странските медиуми се распишуваа дека најверојатно станува збор за марихуана, Малиа повторно се нашла во центар на скандал.
Семејството Обама моментално престојува во Масачусец, на летниот одмор за последен пат како „прво семејство“,а се чини Малиа потполно се опуштила. Имено, минатата недела била една од гостинките на луда забава која била прекината од полицијата поради жалби на врева, а Малиа во претседателската резиденција ја испратила тајната служба.
Полицијата одбила да потврди дека на забавата била и претседателската ќерка повикувајќи се на националната сигурност. Но, потврдиле дека одговориле на жалбите за врева од собраните на забавата и дека присутните на забавата ги предупредиле дека истиот проблем оваа година го направиле веќе неколку пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст