Џенифер Лоренс се искачи на врвот на листата на најплатени актерки на денешницата, според магазинот „Форбс“.
26-годишната актерката, по втор пат последователно ја освојува оваа титула, со заработка од неверојатни 46 милиони долари за 2016 година.
Парите на нејзиното конто најмногу се слеаа од франшизата „Hunger Games“, но и од огромниот аванс кој платинестата русокоса го доби за претстојната вселенска авантура „Патници“, во кој Лоренс ја има главната улога, покрај Крис Прет.
Веднаш по Лоренс, следува Мелиса Мекарти со 33 милиони долари, а третото место ѝ припадна на Скарлет Јохансон со 25 милиони долари заработка.
Погледнете ја целосната листа на најскапо платени актерки за 2016 година:
1. Џенифер Лоренс – 46 милиони долари
2. Мелиса Мекарти – 33 милиони долари
3. Скарлет Јохансон – 25 милиони долари
4. Џенифер Анистон – 21 милион долари
5. Фан Бинбинг – 17 милиони долари
6. Шарлиз Терон – 16.5 милиони долари
7. Ејми Адамс – 13.5 милиони долари
8. Џулија Робертс – 12 милиони долари
9. Мила Кунис – 11 милиони долари
10. Дипика Педукон – 10 милиони долари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст