| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ го истражува наводниот напад од руски хакери против новинарите на Њујорк Тајмс

­

201305301_fbi_agents_large

ФБИ започна истрага за сајбер нападите врз новинари на „Њујорк тајмс” и на други на американските медиуми, за кои се верува дека се изведени од страна на хакери, кои работат за руската разузнавачка служба.

Нападите биле откриени во последниве неколку месеци, а покрај ФБИ, во истрагата учествуваат и другите безбедносни агенции на САД, пренесува Си­Ен­Ен.

Иследниците веруваат дека зад нападот стојат руски разузнавачи и дека на руските хакерски напади на медиумски организации треба да се гледа во рамките на пошироката серија хакерски напади, чија цел беше и Демократската партија, известуваат американските медиуми. ФБИ не сакаше да ги коментира овие наводи, а портпаролот на њујоршкиот весник не ги потврди ниту нападите, ниту истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top