Поранешната прва дама на САД, екс државната секретарка во администрацијата на Обама, Хилари Клинтон наскоро во своите мемоари ќе објави пикантни детали од нејзиниот приватен живот, тврдат неколку американски медиуми.
Во нејзината книга таа наводно ќе признае дека е бисексуалка, се плашела дека ќе умре од рак на мозокот и не се согласувала со актуелниот претседател Барак Обама со убиството на Осама бин Ладен.
Според извори блиски на издавачот на мемоарите, Хилари се одлучила на ваков потег превентивно затоа што планирала да се кандидира на претседателските избори во 2016 година. Според истиот извор, таа решила да признае дека е бисексуалка за да ги придобие гласачите од ЛГБТ заедницата.
-Клинтон ќе признае не само дека е бисексуалка, туку и дека имала лезбејска врска, навел изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.