| четврток, 6 декември 2018 |

Утре без струја дел од општина Карпош и повеќе скопски села

bez-struja

Поради технички зафати во електроенергетската мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општина Карпош и повеќе скопски села.

Без напојување со електрична енергија утре од 09,00 – 15,00 часот, ќе останат корисниците од ул. Московска, околу број 24, 26 и 28 во општина Карпош.

Од 07,00 до 12,00 часот, без струја ќе бидат корисниците од селата Сарај, Ласкарци, Глумово, Рашче, селата Долно и Горно Свиларе, Копаница, Грачани, село Љубин, Кањон Матка, селата Кучково, Дворце, село Волково- дел од потрошувачите во селата Шишево, Бојане, Раовиќ, корисниците од селата Паничари, Орашје, Радуша, викендици Кучково, селата Семениште, Чајлане, Национален парк Јасен, селата Буковиќ, Горна и Долна Матка, нас. Веле Поле, и корисниците од селата Арнакија, Грчец и Кондово  во општина Сарај и Ѓорче Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top