Ѓорге Иванов нека тужи, а сведоците ќе кажат како тој ги убедувал во неговите ставови, одговори ВМРО-Народна откако претседателот Иванов побара да се извинат или во спротивно ќе ги тужи. Причина за ваквата реакција на иванов беше тврдењето на Народна дека тој во 2001 година ги нарекувал бранителите убијци и организирал кампања против нив.
„По повод реакцијата на господинот Ѓорге Иванов, ВМРО-Народна партија му порачува слободно нека отпочнува какви сака процеси, затоа што постојат многу новинари, но и јавни политички личности кои ги убедувал во тие негови ставови изнесени во нашето претходно соопштение. Исто така, ќе му ги посочиме и луѓето преку кои лобирал за неговиот брат кој бил мобилизиран, преку врски да биде повлечен додека вистинските бранители гинеа. Улогата на господинот Ѓорге Иванов во кризата 2001 година на нас во ВМРО-Народна партија ни е многу добро позната а тој својот патриотизам нека го објаснува на денешните вмровци во ДПМНЕ“, велат од ВМРО-Народна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани