| четврток, 6 декември 2018 |

Мигранти бараат помош, па напаѓаат во Суботица- малолетник завршил со расечена глава

Мигрант во Суботица, Србија, во центарот на градот со скалпел му ја расекол главата на 16 годишно момче, додека тој заедно со братот му помагале да најде преноќиште. Мигрантот му го расекол и увото и тилот, вомомент кога детето се наведнало. На малолетникот му е повредена и ногата додека паѓал.

Децата, како пренесуваат српските медиуми, се уште се во шок и не сакаат јавно да зборуваат за нападот, но нивните пријатели пренесуваат дека со чиста случајност е избегната трагедија.

– Нашето друштво се собра во паркот во близина на железничката станица, каде не се задржуваме долго. Околу 21 часот ни пријдоа тројца мигранти. Прашаа за преноќиште и мојот другар се обиде да им објасни каде да одат, а потоа двајцата заминаа со нив да им го покажат патот. Недалеку од паркот, тој се наведнал, а мигрантот кој што делуваше најсмирен, извадил скалпел и му ја расекол главата- раскажува пријателка на браќата.

Децата потоа повикале полиција, а повреденото момче завршило во болница. Но, пријателите раскажуваат дека се уплашени бидејќи напаѓачите ден потоа повторно биле видени како шетаат во градот.

Полицијата го потврдува нападот, и додава дека во соработка со обвинителството трага по напаѓачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top