Исламската држава за прв пат ја користи својата „портпаролка“ во еден од многуте пропагандни спотови во обидот да ги натераат жените од Западот да им се приклучат во нивниот озлогласен „Калифат“ на територијата на Сирија и Ирак.
Со оглед на тоа што Исламската држава во последниов период „го губи тлото“ на Блискиот исток, џихадистите започнаа еден вид на „шармантна“ офанзива со која што имаат намера во борба да ги вовлечат „обесправените“ муслимани кои што живеат во западните земји.
Терористите кои што имаат заробено илјадници жени како сексуални робинки, ги убиваат „прељубниците“ и ги присилуваат тие жени да извршуваат самоубиствени бомбашки напади, сега одлучиле да ја покажат својата феминистичка страна, дозволувајќи ѝ на жена облечена во бурка да ја пренесе пораката за идните „џихадистички невести“.
Нивниот прекин на традицијата е обелоденет во краткиот видео запис под назив „Фондацијата на Еуфрат“, видео на кое што е појавува неидентификувана жена која што повикува на приклучување на „Калифатот“.
Видеото прикажува припадничка на Исламската држава облечена во црно од глава до пети, нешто на што жените се присилени од озлогласената верска полиција на ИСИС, наречена Ал-Хисбах, која што тврдокорно се залага за примена и почитување на шеријатскиот закон.
Екстремистите неодамна основаа и женски магазин наречен „Мажестик“ кој се дистрибуира на подрачјата кои што ги ограбува Исламската држава. Видеото се појавува на истиот ден кога одредени западни медиуми објавува дека џихаистите користат жени бомбаши-самоубијци „во очајниот обид да го задржат под контрола градот Сирт“ на северот од Либија.
Во Либија, силите кои што се борат против борците на Исламската држава соопштиле дека биле нападнати од жени кои што биле вооружени со појаси со експлозив. Тие најнови напади се прв случај Исламската држава да користи жени во борбите во Либија.
-Тие носеа појаси со експлозив и им пријдоа на нашите војници, но за среќа беа застрелани пред да ги активираат. Ние за прв пат гледаме женски борци на Исламската држава. Тоа покажува колку џихдистите се очајни, тоа е знак дека се наближува крајот на ИСИС, изјави за британски Times, Мохамед Ал Гасри, портпарол на операцијата за уништување на ИСИС во Либија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.