Градот Скопје почнувајќи од наредниот викенд до 1 септември ќе изврши прскање против комарци, кое е петто по ред ова лето.
Како што информираат аеросолната дезинсекција, односно авионската ќе се одвива во сабота и недела од од 5:30 до 10 часот.
Терестрична дезинсекција, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива од 28 август до 1 септември, во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.