Страшна сообраќајна несреќа се случи во 17 часот и 50 минути на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на селото Лакавица, штипско. Според податоците од полицијата, автомобил марка „Фиат Добло“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Општа болница Струмица, управувано од страна на 58-годишниот Љ.Ч. кој бил со В.Т.(30) С.С.(53) и новородено бебе од 39-годишната Е.У. се сдурило со тешко товарно возило „Ман“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот М.Т. од Трстеник, кавадаречко.
Како сопатник во возилото бил 42-годишниот В.Н. од селото Нов Караорман, штипско.
Во незгодата, сопатничката од автомобилот С.С. се здобила со скршеница на носна коска, а новороденчето со возило на Брза помош е пренесено во Клинички центар Скопје, каде во 01 часот подлегнало на повредите.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата во Штип и јавен обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст