Вчерашната победа на САД против Србија во кошаркарското финале на ОИ во Рио е една од петте нивни најубедливи триумфи во олимписките натпревари за златниот медал.
Србите беа поразени со 30 поени разлика од неприкосновените Американци, а кога ќе се потсетиме на нивните претходни финалиња на олимпијадите, ова беше нивниот петти најубедлив триумф на ОИ.
Четвртото место им припаѓа на Шпанците, кои на ОИ во 1984 година во финалето загубија од САД со 31 разлика (96-65). Хрватите се на третото место, со минус 32 во финалето на ОИ во 1992 година (117-85).
Во далечната 1956 година, Американците ја демолираа селекцијата на тогашен СССР со 89-55, а најубедливиот пораз од „дрим-тимот“ го доживеаја Французите во 1948 година – 65-21.
Biggest Blowouts in Olympic Gold Medal Game history. USA over Serbia (+30) ranks fifth… pic.twitter.com/CsZXhOyVBh
— Ben Golliver (@BenGolliver) August 21, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.