| четврток, 6 декември 2018 |

Саркози повторно во трка за претседател на Франција

DAVOS/SWITZERLAND, 27JAN11 - Nicolas Sarkozy, President of France, gestures during the session 'Vision for the G20' at the Annual Meeting 2011 of the World Economic Forum in Davos, Switzerland, January 27, 2011. Copyright by World Economic Forum swiss-image.ch/Photo by Moritz Hager

Поранешниот француски претседател Никола Саркози објави денеска дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција кои се закажани за во мај наредната година.

– Одлучив да бидам кандидат на претседателските избори во 2017 година. Чувствувам дека имам сила да ја предводам оваа борба во време со многу проблеми наведе Саркози на Фејсбук.

Саркози (61) изгуби на изборите во 2012 година од Франсоа Оланд.

Кандидатурата за изборите ја најавија и поранешниот француски министер за економија Арно Монтбур, поранешната министерка за екологија Сесил Дифло и поранешниот министер за образование Беноа Амон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top