| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи Михајло, вистинскиот син на Аркан: Не војувам со Цеца, ниту сум ѝ нарачал убиство

mihajlo raznatovik

Откако викендов изби скандал кога српските медиуми објавија дека еден од синовите на Аркан од неговиот прв брак, Михајло нарачува убиство на Цеца за кое нуди награда од 4 милиони евра, тој се огласи за да ги демантира овие тврдења и да појасни дека се работи за лажен профил со негово име кој се осмелил и да даде интервју.

– Во последните 6 години не сум дал ниту едно интервју на ниту една тема. Јас воопшто немам профил под името Михајло Ражнатовиќ на ниту една друштвена мрежа, вклучително ниту „Фејсбук“. Лажното интервју што излезе во „Телеграф“ е сосема друга приказна – изјавил Михајло за „Ало.рс“.

Тој објаснил дека дури ниту фотографијата која била објавена во српските медиуми не била негова.

– Едноставно не разговарав со медиумот кој објави „мое“ интервју, ниту со кој било новинар. А тие, и покрај тоа, објавиjа ни помалку ни повеќе насловна страница од тој фиктивен разговор – додал тој.

cecaaaa

На оваа тема викендов на друштвените мрежи се огласи и Цеца која демантирала дека тоа е профил на Михајло и дека некој креира сензација.

– Целата ситуација ќе ѝ ја оставам на српската полиција да ја реши и да пронајдат кој го злоупотребил моето име и се осмелил да дава интервју како Михајло Ражнатовиќ. Ќе чекам да го најдат тој што сето ова го организирал, за да ги тужам сите кои учествувале, вели тој.

На прашањето зошто тој не се огласил уште во саботата кога било објавено “интервјуто”, Михајло одговорил:

– Јас не живеам во Србија и среќа што воошто дознав што се случува со моето име во српските медиуми. Ако полицијата успее да го пронајде сторителот, тогаш целата ситуација ќе добие нова димензија, но нема да зборувам за тоа сѐ додека не заврши истрагата – завршил синот на Аркан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top