| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Велес: Додека тие уживале, тој им фрлил бомба во базенот

Во СВР Велес 43-годишниот А.М. инаку сопственик на базен, се јавил во полиција и пријавил дека истиот ден околу 01 часот и 20 минути, непознато лице фрлило непозната експлозивна направа која предизвикала силна детонација во базенот. Извршен е увид при што пронајдените делови од експлозивната направа ќе бидат испратени на вештачење во МВР.

По преземени мерки било утврдено дека додека сопственикот на базенот седел во друштво со пријатели, му пристапил И.В. од Велес кој му упатил сериозни закани дека истиот имал две бомби и дека ќе ги фрли во базенот. Откако И.В. бил предупреден од пријавителот да прастане со заканите и да си замине, истиот се повлекол кон шанкот и продолжил повторно да се заканува.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top