| четврток, 6 декември 2018 |

Стиснала гас наместо кочница: Баба покосила девет луѓе на концерт, па завршила во бината

baba u kola

Баба на 74 години со својот автомобил се залетала и покосила група луѓе кои биле собрани на концерт во американската сојузна држава Охајо. Таа ги помешала педалите на колата, па наместо кочница стиснала гас, по што повредила девет луѓе, од кои двајца потешко, соопштила локалната полиција.

Инцидентот се случил за време на концерт на кој се изведувале песни на Френк Синатра и Дина Мартин на фестивал на отоврено.

Полицискиот началник на областа каде се случила несреќата изјавил дека жената го напуштила концертот, а додека излегувала од паркингот, несакајќи притиснала гас наместо кочница, по што завршила во посетителите, а потоа се забила во бината. По обидот да излезе од ситуацијата, вараќајќи се назад удрила во телефонски столб и во паркиран автомобил.

Сите жртви биле постари од 50 години, навела полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top